БРОЈОТ НА ПАТУВАЊА ВО СТРАНСТВО НАМАЛЕН ЗА БЛИЗУ ТРЕТИНА

Бројот на руските граѓани кои минатата година патувале во странство е намален за 31,3 проценти, што е најголем пад во последните 18 години.

-Руските граѓани реализирале вкупно 12 милиони меѓународни патувања минатата година, – изјавила портпаролката на туристички унија Ирина Тјурин.

Причината за минатогодишниот пад на бројот на руски туристи во странство, е слабеење на руската валута и забрана која беше воведена на летовите до Турција и Египет, двете најпопуларни туристички дестинации меѓу граѓаните на Русија. Поради помалку посети на руските туристи најтешко е погодена Индонезија, каде е регистриран пад на бројот на посети на руски туристи од 96,6 проценти, потоа Тунис со пад од 83 отсто на руските гости и Доминиканската Република, која минатата година ја постиле 82,5 отсто помалку Руси.

Во Европа, најголем пад на руски туристи од 48 отсто се регистрирани во Грција, по што следат Бугарија, Шпанија и Хрватска, кои се соочуваат со пад од 41 отсто. Пред 2015 година, најголем пад во рускиот излезни туризам е регистриран во 1998 година, кога бројот на руски туристи кои патувале во странство се намалил за 24,4 проценти во однос на претходната година. Руската туристички унија смета дека 2015 година е најтешката година во историјата на приватниот туристички бизнис во Русија. („Москва тајмс“)