На почетокот од годинава статистиката бележи исклучително мал број на странски туристи од Руската Федерација во Република Северна Македонија.Во јануари во земјава допатувале само 186 руски туристи, што е 0,6 отсто од вкупниот број на евидентирани странски туристи.Тие оствариле во просек по две ноќевања.
Вкупниот број на туристите во јануари 2019 година во земјава изнесува 49 021, а бројот на ноќевањата изнесува 102 691.
Бројот на туристите во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, е намален за 0.7 %, а бројот на ноќевањата е намален за 4.3 %.
Притоа, во земјава престојувале 29 423 странски туристи кои иствариле 55 770 ноќевања.
Бројот на домашните туристи во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, е зголемен за 2.6 %, а бројот на странските туристи е ДА за 2.7 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, е зголемен за 1.0 %, а бројот на ноќевањата  е намален за 8.4 %. (Државен завод за статистика)