-Околу 70 милиони тони жито се досега прибрани од фармерите во Русија, – соопшти премиерот Дмитриј Медведев, цитирајќи податоци за жетвата заклучно со 12 август.
Оваа количина е речиси една третина повеќе отколку во истиот период минатата година, рекол Медведев на состанокот со вицепремиерот, а пренесува РИА Новости. И минатата година жетвата во Руската Федерација, исто така, била добра.
Во меѓувреме Банката за развој на Рус
ката Федерација (Внешэкономбанк) прогнозира дека растот на земјоделскиот сектор во земјата може да се забрза и да достигне до 3,1% во 2016 година во споредба со 3% во 2015 година, соопштува zol.ru.
Главен двигател на растот е очекуваниот рекорден принос на
лебното зрно од 115 милиони тони доколку продолжат добри временски услови.
Според прогноза за 2017 година,
меѓутоа, жетвата на пченицата и пченката ќе се врати на нивоа кои ќе доведат до негативна динамика на производството. Така, според аналитичарите во 2017 година зрнестата реколта ќе се намали за 9,4%, а само производството на пченица за 14,8%. Догодина аналитичарите очекуваат раст на земјоделството од 0,4%, а во иднина тој ќе се стабилизира меѓу 2,2 – 2,6%.
Експертите очекуваат уште
од годинава да се зголемат собраните количества на сончоглед (7,4%) и репка (10,9%).
Благодарение на ембаргото за увоз на прехранбени производи, големи субвенции и слабата рубљата, некои земјоделскиот гранки во Русија почнаа да прават поголеми профити од производството на нафта и продажбата на оружје, проценува американската агенцијата “Блумберг”.
Државата активно го поттикнува развојот на руските земјоделски компании. Конкретно, на пример, компаниите од конгломератот Русагро” минатата година добија субвенции во износ од околу 41 милиони евра. Како резултат на тоа, неговите индикатори и нето добивка се повисоки во однос на нафтени гиганти како што е “Лукоил”.
Успехот на
руското земјоделство се објасни со намерата на Владата да ја намали зависноста на Русија од надворешниот пазар и тоа се повеќе и – успева. Покрај тоа, индустријата доби значаен поттик по конфликтот меѓу Москва и Анкара и делумната забрана за увоз на турски производи, кој стана “благослов за земјоделците”, оценува “Блумберг”.
Сега, главното достигнување на руската производствена стратегија е рекордната продажба на лебното жито. Русија годинава ја надмина САД и стана најголем извозник на пченица. Овој значаен резултат е проследен и со високи приноси на пченката, оризот, сојата и хељдата. Во комбинација со слабата рубља се создаде ситуација во која приходите од извозот на храна на Руската Федерација се многу повисоки отколку од продажбата на оружје. Од друга страна, со зголемување на извозот значително е намален увозот. Од 2013 година, Русија го намали купувањето на прехранбени производи од странство за дури 40 проценти.
Подготвил: Саво Пејчиновски