Во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија беше одржана средба помеѓу Љупчо Јаневски, директор на АППТРМ и м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора (25.9.2018 година).
Притоа, челните луѓе на двете институции ја утврдија потребата од интензивирање на соработката преку организација на информативни патувања низ Македонија за новинари и тур-оператори од Русија, со цел подобро запознавање на државата и нејзина промоција на рускиот туристички пазар. Договорено е заеднички да се работи на популаризација на македонската кујна, историја и верски туризам на рускиот пазар,  за да се подигне свесноста кај руските граѓани за нашето културно и историско богатство.
 Предвидено е активности да  започнат од следната година  и со посета на Македонија на руски кулинарски шоуа, а постигната е согласност и за  јазична поддршка овозможена од Македонско-руската стопанска комора  за издавање на промотивни материјали на руски јазик, како и нејзино учество при целокупното претставување на нашиот туристички потенцијал во Руската Федерација.