Sorry, this entry is only available in Руски. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

До крајот на мај годинава вкупниот обем на трговската размена на Република Македонија со светот достигнал вредност од 6,45 милијарди САД долари.Притоа, извозот на стоки изнесувал 2,75 милијарди САД долари и бележи пораст од 29.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3,69 милијарди САД долари, што е за 24.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 934,4 милиони САД долари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 74.8 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари – мај 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.