Македонска Руска Стопанска Комора и оваа година од 08.02-12.02. петти пат по ред  во соработка со МЗШВ на РМ согласно програмата на Владата за поддршка на учество на саемски манифестации го организираше учеството на саемот ПРОДЕКСПО 2016 на шест македонски компании.

Учесници беа четири винарии ВВ ТИКВЕШ, СТОБИ, ВВ ЛОЗАР и ДАЛВИНА како и две компании производители на млеко и млечни производи ЗДРАВЈЕ Радово и БУЧЕН КОЗЈАК – Куманово.

На саемот беа одрѓани голем број на средби, а македонскиот штанд го посетија и зам,министер за земјоделие на Руската Федерација г-динЕвгениј Гроико како и секретарот на мешовитата македонско руска комисија за научно- техничка и трговско- економска соработка г-дин Сергеј Караулов.