Две години по воведувањето на руското ембарго за европските земјоделски стоки, потрошувачките цени во Русија се зголемиле за 24 отсто, а прехранбените производи поскапеле за една третина, пишува московскиот весник „Независимаја газета“.
Статистичките податоци зборуваат дека потрошувачките цени забележуваат раст од 24 отсто, а на храната околу 30 отсто. Рибата поскапела за над 40 отсто, овошјето и зеленчукот за над 30 отсто, млекото и млечните производи за 20 отсто, а месото и пилешкото за над 10 отсто.
Министерството за економија соопштува дека за двете години на ембарго, храната поскапела со 31,6 отсто, но дека рускиот пазар се прилагодил кон ембаргото.
Влијанието на храната кон инфлацијата во јуни е намалена на 31 отсто на годишно ниво по забележаниот максимум во февруари 2015 година, кога бил 52 отсто, – потврдуваат во министерството.
Според рускиот весник, веќе е очигледно дека руското ембарго по санкциите на Западот веќе не е само привремена мерка, откако неколку патти тие беа продолжувани, последно до крајот на 2017 година. Социолозите потврдуваат дека Русите гледаат да заштедат на храна, јадат помалку и полошо, – пишува весникот.
Во меѓувреме, ТАСС информира дека над 7,5 илјади тони растителни храна од ембарго листата се уништени за една година во Русија. Од нив значителен е процентот на овошјето и зеленчукот – јаболка, круши, праски, домати и друго. За една година се уништени и 228,642 тони животински продукти.