Во организација на Македонска-руската стопанска комора и со финансиска подршка на ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија седумнаесет македонски компании од 12 до 15 септември 2016 година ќе учествуваат на големата саемска манифестација „МИР ПИТАНИЕ 2016“ (WORLD FOOD 2016) во Москва.
На најголемиот прехрамбен саем во Југоисточна Европа, кој традиционално се одржува во престолнината на Руската Федерација, македонските производители и преработувачи на свежо овошје и зеленчук ќе имаат Национален штанд кој ќе се простира на површина од 110 квадратни метри. Покрај најголемите компании – извозници на храна во Руската федерација, на оваа саемска манифестација традицонално се присатни и експерти од областа на агрокомплексот, а се одржуваат и низа трибини, промоции и презентации, што го прави овој саем најголема берза за храна во овој дел на светот. Минатата година московскиот саем го посетија повеќе од 65 илјади посетители.
Во првите седум месеци од годинава Република Македонија и Руската Федерација оствариле меѓусебна трговска размена од 92,9 милиони долари што во споредба со минатогодишните 127,2 милиони долари во истиот период е опаѓање за дури 27 отсто.
Но, структурата на размената во овој период покажува позитивни тенденции за македонското стопанство. До крајот на јули годинава Република Македонија го зголемила извозот во Руската Федерација за 48,9 отсто, а увозот го намалила за 39,1 отсто во споредба со истиот период од 2015 година. На рускиот пазар во овој период се пласирани стоки во вредност од 26 милиони долари (лани 17,5 милиони долари), а од таму се увезени за 66,8 милиони долари (лани 109,7 милиони долари). Ваквиот обем на тргување со големиот руски пазар придонел трговскиот дефицит на Македонија со Руската Федерација да биде повеќе од преполовен и до крајот на јули да достигне 40,7 милиони долари.Лани во овој период Република Македонија имала негатива во размената со Руската Федерација од 91,4 милиони долари.
Тоа е добрата вест за Република Македонија во трговијата со Руската Федерација, со оглед на фактот што размената се движи кон врамнотежување и намаленување на големиот дисбаланс на македонскиот извоз и увоз на стоки од овој пазар.Но, мора да се напомене дека увозот на енергенски од Руската Федерација статистички не се бележи како македонски увоз.
-Расте побарувачката за македонските земјоделски производи од страна на руските компании. Во изминатиот период зголемен е и бројот на пратките и количнините кои се пласирани на овој голем пазар.Зато и присаството на македонските компании на значајната саемска манифестација „World Food 2016“, од кои повеќето вече традиционално со години се редовни излагачи, очекуваме да донесе нови бројни контакти со деловни партнери од Русија што ќе резултира и со понатамошно зголемување на македонскиот извоз. Примерот на агрокомплексот треба да го следат и другите индустрии во земјава, – истакнува Дејан Бешлиев, директор на Македонска-руската стопанска комора, кој ќе ја предводи бизнис – делгацијата од македонските компании при настапот на саемот во Москва.
На семот во Москва ќе изложуваат следните македонски компании: „Конимекс„ од Скопје, Агролозар“, „Хортена“, „Колид“, „Евромак“ од Струмица, „Агро калем“ од Неготино, „Баџо“ од Богданци“, „Душан Кириќ“ од Росоман, „Хина продукти“ од Гевгелија, „Пермидекс“ од Виница, „Химаглион“ од Кочани, „Фруктана“ од Аргулица, „Балкан еко фруит“ од Свети Николе и „АППЛ ленд“ од Ресен. Посетители на саемот се и „Јуникс“ и „Јаболчело“ од Скопје и „Сафир промет“ од Струмица.
Покрај тоа што учеството на саемот компаниите ќе го искористат за интензивни контакти со руските партнери, се очекуваат и бројни   деловни средби со претставници на руската комора и со официјалните лица на руската администрација.
Одделение за информирање на
Македонска-руската стопанска комора