Загубите на руските компании од сајбер-нападите во 2017 година се проценуваат на 115.967 милијарди рубли,  покажуваат резултатите од обемното истражување на Националната агенција за финансиски истражувања (НАФИ).
Во 2017 година, половина од руските компании се соочувале со различни закани, а 22% од нив претрпеле финансиски загуби од сајбер-нападите. Просечниот износ на загубата во една компанија изнесувал 299,94 илјади рубли, и тоа зависело од големината на бизнисот.
-Генерално, загубите од сајбер нападите се проценети на 115.967 милијарди рубли, но и натаму бизнисмените ги потценуваат ризиците, – се вели во извештајот.
Во оваа година речиси секоја втора компанија (48%) се судрила со разни сајбер закани. Големио бизнис бил повеќе подложен на напади – 62% наспроти 46-47% кај малите и средните претпријатија. Врвните менаџери најчесто во истражувањето како сајбер напад го споменувале фактот дека вирусите ги инфицирале компјутери на работниците, а следат разни изнудување на пари (20%), хакирање на поштенски сандачиња (12%) и напади на веб-страницата на компанијата (10%).
Според НАФИ, 7% од испитаниците се жалеле на интернет измама, 3% за неовластен пристап до информации на компанијата, 2% на кражба на лични податоци на клиенти. Забележано е дека неовластениот пристап до информациските ресурси на компаниите им се заканувале главно на големите компании (11% наспроти 1-2% меѓу другите претпријатија), а интернет измамата почесто се насочувала кон мали и средни бизниси (9% кај микро-бизнисите и 2% кај големите бизниси ).
Во Извештајот се истакнува  дека засега најчестиот начин за да се обезбеди информациска сигурност на претпријатијата – инсталирање во сите компјутери на ажуриран  антивирусен софтвер е  мерка која се превзема во 88% од компаниите.
-Повеќето руски претприемачи веруваат дека во иднината тие нема да бидат погодени од хакерски напади, и покрај објективното зголемување на бројот на такви напади. Но,  актуелните реалности, за жал, не покажуваат дека компаниите се заштитени и дека овие напади нема да се случат. Напротив, во повеќето руски претпријатија нема објективна проценка на информациските закани, а тоа на крајот го спречува развојот на акциони планови за пресретнување на можните напади. Невозможно е целосно да се подготвите за закана, во состојба кога сметате дека е таа малку веројатна. Оваа ситуација станува една од пречките за развојот на дигиталната економија во Русија, – предупредува Кирил Смирнов, директор за истражувања во областа на дигиталната економија на аналитичкиот центар НАФИ.