Во 2018 година, 94.4 % од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа.
Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 81.5 % од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Од вкупниот број на деловни субјекти, 53.9 % имале веб-страница или почетна страница. Од нив, 89.6 % на веб-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 51.7 % имале наведено линкови/референци до нивните профили на социјалните медиуми, а 21 % обезбедиле онлајн нарачување или резервирање.
Во однос на е-трговијата, 5,7 %, од деловните субјекти, со Е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 4,4 % од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги, преку Веб-продажба. (Државен завод за статистика)