Во декември 2017 се издадени 257 одобренија за градење, што е за 22.8% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 730 156 илјади денари, што е за 76.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (60.3%) се наменети за објекти од високоградба, 19 (7.4%) за објекти од нискоградба и 83 (32.3%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 257 објекти, на 184 (71.6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 73 (28.4%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 209 станови, со вкупна корисна површина од 25 413 м2.( Државен завод за статистика)