Русија се најде на десетото место на “Глобалниот индекс на кибербезопасност” во 2017 година и е пласирана пред Јапонија и Норвешка, кои го делат 11-то место.Рангирањето го прави Меѓународната унија за телекомуникации (ITU).
Според ITU, Русија надмина бројни други големи светски играчи во областа на информатичките и комуникациските технологии. Така, според рејтингот, Велика Британија го освои 12 место, Јужна Кореја – 13, Финска – 16, Германија – 24, Италија – 31 место. Во студијата учествуваа 193 земји.
Лидери во сајбер безбедноста во 2017 година се Сингапур, пред САД и Малезија, кои се рангирани на второто и третото место на “Глобалниот индекс на кибербезопасност”.