Познатите имиња на светската кинематографија и бројните љубители на филмската уметност кои присуствуваат на годинешното, 37-мо издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, имаат можност да уживаат во вината на ВВ„Тиквеш“ од Кавадарци, членка на Македонска-руската стопанска комора.
И оваа година уникатниот спој на светската филмската уметност и врвните, автентични македонски вина, започна уште на свеченото отворање на фестивалот, кое традиционално се одржа во Центарот за култура во Битола. Вината на „Тиквеш“ придонесоа и за одличната атмосфера и впечатоците на премиерното прикажување на филмот „Ослободување на Скопје“, со коешто и официјално беше отворено годинешното фестивалско издание. По тој повод, на познатиот Раде Шербеџија, како и на целокупната филмска и актерска екипа, им беа доделени специјално наточени вина на „Тиквеш“ со персонализирани етикети. ВВ „Тиквеш“ ја поддржува реализацијата на овој филм и неговата промоција и афирмација ширум светот.
На овој начин, преку вината на „Тиквеш“, светските филмски уметници одново имаат можност да вкусат дел од автентичната македонска винска приказна и да ја прошират низ целиот свет пораката дека овде во Македонија, покрај тоа што се препознаваат уметнички вредности и квалитети, се креираат и уникатни вински брендови. („Тиквеш“)