Вкупните девизни резерви во земјава заклучно со 31 јули 2107 година беа на ниво од 2,27 милијарди евра или 403,3 милиони евра помалку во однос на истиот период минатата 2016 година, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
На крајот на јуни годинава, вкупниот износ на девизните резерви изнеувал 2,39 милијарди евра или 126,6 милиони евра повеќе во однос на јули 2017 година.
Хартиите од вредност на крајот на седмиот месец од оваа година достигнале 1,84 милијарди евра или 58,4 милиони евра повеќе во споредба со претходниот месец (1,78 милијарди евра).
Месечен пад од 182,8 милиони евра е забележан кај валутите и депозитите, коишто на крајот на јули изнесуваа 189,3 милиони евра.
Државното монетарно злато во јули достигна вредност од 239 милиони евра.