Расте салдото на странски директни инвестиции во Македонија. Според податоците на Народната банка на Република Македонија до крајот на јули во земјава се влезени над 171 милион евра странски капитал, за 12,2 милиона повеќе во однос на истиот период од минатата година.
Анализирано по месеци, најмногу странски инвестиции влегле во февруари, односно над 45 милиони евра, додека во март салдото изнесувало 37,5 милиони. Во јули, последниот месец од пресметката, во Македонија се влезени 27,4 милиони евра.
Иако расте салдото на странски директни инвестиции во Македонија, се проценува дека приливот е забавен и под очекувањата.Истовремено се бележи драстично намалување на домашните инвестиции.