Според менаџерите, индикаторот на доверба во трговијата на мало во четвртото тримесечје од 2016 година е намален за 0.2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а е зголемен за 1.6 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2015 година.
Eкономската состојба на деловните субјекти во четвртото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна е и во однос на истото тримесечје од 2015 година. Се очекува дека ќе биде понеповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е зголемена во однос на претходното тримесечје.
Финансиската состојба во четвртото тримесечје од 2016 година е речиси на еднакво ниво како во третото тримесечје од 2016 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се зголемат, а очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се намали.
Продажните цени во четвртото тримесечје од 2016 година минимално се зголемиле во однос на третото тримесечје од 2016 година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се зголемат.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2016 година имале: зголемената конкуренција со 22,0%, слабата побарувачка од купувачите со 20,5% и зголемената понуда на пазарот со 19,0%.(Државен завод за статистика)