Околу три милиони килограми праски од Росоманско сезонава се извезени во Русија, а се очекува во наредниот период на рускиот пазар да заминат уште до два милиона. –објавува МИА.
Игор Милошевиќ од Здружението „Росоманска долина”  информираше дека и во земјава биле продадени околу три милиони килограми од ова овошје. Во домашните преработувачки капацитети пак, завршиле околу милион килограми праски. Во моментов се бере сортата „крес хевен”, а цената е од 18 до 20 денари за килограм.
– Намалена е побарувачката за Косово. Знаете, претходно доаѓаа со камиони, сега претежно доаѓаат трговци од Скопје по праски во регионов, што е најголем производител на ова овошје – соопшти Милошевиќ.
Тој додаде дека во Росоманско има околу 700 хектари насади со праскови дрвца и неколку пунктови кои вршат откуп на праски за Русија.