Најави од Руската Федерација
УКИНУВАЊЕ НА ВИЗИТЕ ЗА 24 ЗЕМЈИ
 
Русија размислува да ги укине визите за 24 земји, додека воедно преговара со дополнителни 40 земји за поедноставување на процесот за издавање на визи, изјави  портпаролката на  Министарството за надворешни работи на Русија – Марија Захарова.
 
Според нејзините зборови,  Министерството подготвува воведување електронски визи за странските туристи, што ќе го поедностави процесот на нивното издавање.
-Искуството во издавањето на електронски визи, кои ги практикуваат одредени земји, покажа дека тој систем е вреден за внимание. Работиме на тоа да воведеме таков систем за странските туристи и кај нас
, -изјави Захарова.
Таа воедно потсети дека Русија, според податоците од октомври 2015 година, има безвизен режим со 106 земји.
Се надеваме дека на листата е и Република Македонија, која во моментов практикува слободен безвизен реѓим за руски граѓани кои сакаат да влезат во земјата, додека за македонските граѓани потребно е писмо покана врз основа на кое се издава Виза или доколку е во оригинал заверено во ФМО на МНР на РФ може да се патува со истото.