Магазинот „Форбс“ пишува дека Русија станува магнет за странски инвестиции.
Аналитичарот Кенет Рапоза во својата колумна за магазинот „Форбс“ пишува дека Русија станува повторно привлечна за инвеститорите, особено откако дојде на прво место во светот по производство на јаглеводороди и по најавата на новата администрација на Трамп дека ќе стави крај на антируската политика.
Русија во споредба со другите земји има најголем прилив на странски инвестиции. Засега тој изнесува 472 милиони долари, додека минатата година изнесуваше 837 милиони долари.
Русија денес е најпопуларниот пазар во формирање на планот на прилив на странски инвестиции. Таа, исто така, може да има полза од кредитно-валутната политика на клучните економии на Европа, САД и Јапонија.
Благодарение на обновата на цените на нафтата и ниските каматни стапки, рецесијата во Русија заврши. Пазарот покажа добри резултати, а оние кои поседуваат акции во 2016 година имаа добивка. Реалната плата почна да покажува раст, пишува Рапоза.
Економските експерти сметаат дека западните санкции и лошите наслови во медиумите не направија да згасне интересот на инвеститорите за Русија. Исто така, годинава е можно и укинување на санкциите, доколку во Франција и Италија победат приврзаниците на укинувањето на санкциите.
Резултатите на Русија на економски план во јануари покажуваат дека таа стана голем центар за привлекување пари. Нејзините успеси во скротувањето на инфлацијата се впечатливи, курсот на рубљата останува стабилен и се забележува значително намалување на одливот на капитал.
Руските инвестициски банки даваат сѐ повеќе оптимистички прогнози за добивка. Очигледно е дека Русија доби од победата на изборите, во најмала мера, во очите на обичните луѓе, заклучува Рапоз.