Русија верува дека цените на нафтата од 45 до 50 долари за барел се прифатливи за да се избалансира глобалниот пазар на нафта. Ова мислење го изнесуваат извори запознаени со плановите на Руската Федерација,  која се подготвува за состанокот на земјите производители на нафта во Доха кон средината на овој месец.

Водечките нафтени производители планираат да се состанат на 17 април во Доха, за да договорат прелиминарна зделка по склучениот договор во февруари меѓу Русија, Венецеула, Катар и Саудиска Арабија за замрзнување на производството на нафта на нивото од јануари. Целта е да се запре натамошното нарушување на пазарот на нафта.

-Во моментов се води дискусија за тоа колку долго треба да се замрзне ископувањето на нафтата и за начините за контролирање на договорот, – вели еден од изворите.

Нивото меѓу 45 и 50 долари за барел е прифатливо од аспект на балансот на пазарот. Ако цените се запрат, производство на нафта од шкрилци ќе почне да се опоравува , сметаат стручњаците.

Производители на нафта, како што се Руската Федерација и Венецуела се исклучително зависна од парите од енергијата, а нивните државни буџети се посебно погодени откако глобалните цени на нафтата опаднаа под 40 долари за барел од над 115 долари за барел во јуни 2014 година.
Руските извори велат дека се очекува договорот за замрзнување на производството на нафта да го забрза ребалансирањето на понудата и побарувачката на суровината за околу половина година.

Минатиот месец Русија оствари рекорд во црпењето на нафта и тоа на највисоко ниво во последните 30 години – 10,91 милиони барели на ден, што го надминува дури ископаното во јануари годинава.

Познавачите на руските прилики во овој сектор велат дека Руската Федерација нема да се сложи на чекање на нови проекти како дел од зделката, туку може да искористи други методи за регулиорање на екстракцијата на нафта.Тие додаваат дека договорот од Доха ќе влијае на екстракцијата, а не на извозот.