Јавниот долг според последните податоци на Министерството за финансии е намален за 0,3 проценти.
Заклучно со 30 јуни 2017 година изнесувал 3.885,4 милиони евра што претставува 38 проценти од БДП, што споредено со претходниот квартал претставува намалување за 3,3 милиони евра, односно за 0,1 процентен поен, наведуваат од Министерството за финансии.
Јавниот долг на 30 јуни 2017 година изнесува 4.708,3 милиони евра, што претставува 46,1 отсто од БДП, што споредено со претходниот квартал претставува намалување за 31,4 милиони евра, односно за 0,3 проценти.
Од Министерството за финансии посочуваат дека имаат политика за активно управување со јавниот долг со цел финансирање на потребите на државата со најниски трошоци, односно по најниска каматна стапка.
Неодамна Министерството за финансии го објави и скриениот долг на државата, кој заклучно со 31 мај изнесува 363 милиони евра, но додаваат дека по објавувањето на доспеаните, а неплатени обврски од страна на државните институции стигнале дополнителни информации од дел од институциите кои ги немале доставено и долгот изнесува 364 милиони евра.
– Како што веќе беше најавено, Министерството за финансии заедно со Сватска Банка работи на акционен план како за решавање на овој долг, така и за превенирање ваква ситуација во иднина. Дополнително МФ работи на создавање софтвер кој во реално време ќе ги покажува информациите за обврските, со цел тие навремено да бидат исплатени. До сега Министерството немало увид во овие информации, првпат и беа побарани од институциите и обелоденети во јавност. Ова е прва иницијатива за трајно решавање на проблемот и спречување тој да се појави во иднина, истакнуваат од Министерството за финансии за државната агенција МИА.