Извините, этот техт доступен только в “Македонский”. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Винарница „Стоби“ го одбележа својот голем и значаен јубилеј – 10 години од постоењето, во присуство на пријатели од бизнис-заедницата, политичкиот, дипломатскиот и од јавниот живот. „Стоби“ е членка на Македонско-руската стопанска комора, најголем извозник на вино на пазарот на Руската Федерација од Република Македонија и беше учесник на Националниот штанд на штотуку завршената саемска манифестација „Продекспо 2019“ во Москва.
– Нашиот бренд „Стоби“, во периодот од 10 години, стана вино со препознатлив квалитет кое се пласира на повеќе континенти. Со гордост можеме да кажеме дека ги освоивме Кина, САД, Русија и Европа. Горди сме на нашите награди и пофалници од реномирани вински критичари, а тоа нам ни претставува предизвик за натамошни успеси, благодарение на целиот тим – вели Минчо Јорданов, сопственикот на винарницата „Стоби“.

Изминататите години винарница „Стоби“ зема учество на сите реномирани саеми и освои награди и признанија на светски натпревари. Само лани, „Стоби“ освои највисоки признанија на престижните интернационални натпревари „Мундус вини“ во Германија и „Вино Љубљана“ во Словенија. Вината на „Стоби“ добија високи препораки од реномираните светски вински критичари во рецензиите објавени во „Вашингтон пост“ и во винскиот магазин „Вајн адвокат“.
– Ние како винарница постојано ги следиме светските трендови, ги задоволуваме вкусовите на сите потрошувачи. Со тоа сме конкурентни и на светскот пазар со широка палета на производи на вина. Континурино вложуваме во иновации со цел да произведеме вина кои се премиум, класик, елитни или традиционални, кои ќе ги задоволат сите вкусови и сетила на секој потрошувач. Винарница „Стоби“ е фамилијарен бизнис благодарение на мојот татко Минчо Јорданов – додава Ана Јорданова, креативен директор во компанијата.
„Стоби“ е модерно конципирана македонска винарница во Градско со свој ресторан, која годишно произведува 4,5 милиони литри висококвалитетно флаширано вино, од кое 70 отсто се извезува на пазарите во други земји.