„Стоби флипс“ слави 40 години, брендот коишто во 1978 година за првпат беше произведен во прилепската компанија „Витаминка“, членка на Македонско-руска стопанска комора. Под мотото „Стоби флипс 40 години насекаде“ со многу активности во текот на целата година, компанијата ќе покаже како се создаваше и растеше најсилниот бренд во Македонија, што претставува за потрошувачите и какво значење има за компанијата и пазарот.
Секоја идеја може да биде вредна и да даде резултати, доколку се работи на неа и се вложи во нејзината реализација. Тоа го потврдува денешниот статус на „Стоби флипс“, 40 години континуиран квалитет на најпрепознатливиот македонски бренд. „Стоби флипс“, носи голема  вредност и за компанијата, затоа што со својата експанзија придонесе за растот на „Витаминка“. Сепак, најголемата вредност е значењето за потрошувачите што го има и довербата во брендот што постојано расте и се зголемува, изјави Сашо Наумоски, gенерален извршен директор на „Витаминка“.
Покрај збогатувањето со нови големини и вкусови, растечката популарност на „Стоби флипс“, наметнува зголемување на неговото производство, предизвик на коишто „Витаминка“ во целост може да одговори.
Растењето на популарноста на домашниот пазар, подеднакво е следено со пласирање на странските пазари и зголемување на продажбата. Денес „Стоби флипс“ е присутен на пазарите во уште 40-тина земји од целиот свет. Бројот на земји каде е присутен постојано се шири и од година во година расте, што е резултат на неговиот висок и постојан квалитет.
Кампањата за одбележување на 40-годишниот јубилеј на „Стоби Флипс“, започна со лансирањето во вселената, со што стана првиот македонски бренд кој го освои и овој простор.