Започна кампањата за „Риско“ со видео спот во кој главна улога ја имаат јунаците од детската хит серија „Зоки Поки“, на која ПИ „Витаминка“, членка на Македонско-руската стопанска комора,  е генерален спонзор. Отсега и во ново пакување, „Риско“ е еден од најомилените производи за децата, но и за возрасните. Па така,  ги освои и симпатиите на Зоки Поки, Лидија, Боки, Гоки и целата екипа.

Новиот изглед е резултат на заложбите на „Витаминка“ за модернизирање и стилизирање на пакувањата на своите производи. Иако со нов изглед, она што останува непроменето е препознатливиот квалитет и чоколаден вкус, што го прави да биде совршено вкусен и крцкав какао десерт.

Спотот се снимаше во автентичен амбиент од серијата, а при процесот на снимање беа преземени сите мерки на претпазливост, а согласно пропишаните протоколи.(„Витаминка“)