Македонска-руска стопанска комора денес одбележува 18 години од своето постоење! На 25 март 2005 година пред пошироката македонска јавност беше промовирана новата деловна асоцијација со идеа да биде мост на економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација и да влијае на поттикнување и зголемување на трговската размена меѓу двете земји. Во целиот изминат период од своето основање Македонска-руска стопанска комора бележи раст по бројот на членките, и по воспоставувањето на врските меѓу компаниите од двете земји што резултираше со постојано зголемување на размената.
-Условите на делување на Македонска-руска стопанска комора во целиот овој период постојано се менуваа со оглед на промените низ кои се движеше земјава. Но, тоа не го попречи нејзиниот развој и раст. Напротив, македонските компании кои ја препознаа Русија и Евроазиската унија како пазар за своите производи го диктираа нејзиниот развој и Македонска-руска стопанска комора стана респектибилна деловна асоцијација со преку 150 членки. Тоа го покажува фактот дека лани дури за 2,5 пати беше зголемена трговската размена со компаниите од оваа земја. – истакнува Ѓорѓи Дика, претседател на Комората.
Сето тоа го потврдува интересот на деловните луѓе од двете земји да ги развиваат меѓусебните бизнис релации.
-Руско-украинскиот конфликт ја оптовари трговската размена меѓу двете земји, посебно зголемувајќи ги трошоците за нејзиното одвивање. Добро е што македонскиот извоз лани беше само неколку проценти помал отколку во претходната година. Македонска-руска стопанска комора со сите сили се обидува да им помогне на македонските компании да ги реализираат своите планови за размена со Русија и тие тоа го препознаваат. На сите членки им заблагодаруваме на поддршката што ја даваат во овој тежок период за опстојување и редовно вршење на дејноста на Македонска руска стопанска комора – порачува м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Комората.