Македонско-руската стопанска комора одбележa 19 години од своето постоење! На 25 март 2005 година пред пошироката македонска јавност беше промовирана новата деловна асоцијација со идеа да биде мост на економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација и да влијае на потикнување и зголемување на трговската размена меѓу двете земји.Во целиот  изминат период од своето основање Македонско-руската стопанска комора бележи раст по бројот на членките, a   воспоставувањето на врските меѓу компаниите од двете земји резултираше со постојано зголемување на размената.

-Условите на делување на Македонско-руската стопанска комора во целиот овој период постојано се менуваа со оглед на промените низ кои се движеше земјава.Но, тоа не го попречи нејзиниот развој и раст.Напротив, македонските компании кои ја препознаа Русија и Евроазиската унија како пазар за своите производи го диктираа нејзиниот развој и Македонско-руската стопанска комора стана респектибилна деловна асоцијација со преку 150 членки, – истакнува Ѓорѓи Дика, претседател на Комората.

Минатата година обемот на размената со Руската Федерација изнесувал нешто над 313,3 милиони САД долари, што е за 36,6 милиони САД долари помалку одколку во претходната 2022 година.Опаднал и извозот на македонскуте компании за 11,3 отсто достигнувајќи ја сумата од околу 48 милиони САД долари. За близу 40 отсто опаднал и увозот од оваа земја, со сума од 265,3 милиони САД долари.

-Руско-украинскиот конфликт ја оптовари  трговската размена меѓу двете земји, посебно зголемувајќи ги трошоците за нејзиното одвивање.Македонско-руската стопанска комора со сите сили се обидува да им помогно на македонските компании да ги реализираат своите планови за размена со Русија и тие тоа го препознаваат.На сите членки  им заблагодаруваме на поддршката што ја даваат во овој тежок период за опстојување и редовно обавување на дејноста на македонско-руската стопанска комора – порачува м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Комората.