Најиновативната македонска компанија за роботика во светот го одбележува своето триесетгодишно постоење и во Skopje City Mall од 14ти  до 17ми Мај.

„Микросам“, членка на Македонско-руската стопанска комора,  во овие три децении се докажа како генијална и уникатна компанија за производство на автоматски и роботски машини за современи композити или т.н. материјали на иднината. Следејќи ги сите најнови технолошки решенија досега има успешно инсталирано над 280 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Од мала, семејна компанија во Прилеп достигна до светски гигант со повеќе од 190 вработени, од кои повеќе од 60% се инженери.

На изложбата ќе можете да дознаете повеќе за  постоењето на „Микорсам“ и неговите светски достигнувања, признанија и какви машини произведуваат македонските инженери. Делата на компанијата се светски признати од голем број на компании во автомобилската, енергетската, авионската, вселенската и воената индустрија, како НАСА, Магна за Ауди возила, Џенерал Атомикс, Спирит Аеросистемс, ГКН Фокер и многу други.

Посетителите че може да се информираат и за работните позиции и условите кои ги нуди компанијата за вработување и пракса. „Микросам“ силно верува дека нашите инженери имаат висок потенцијал и капацитет да ги исполнат и најкомплексните проекти и решенија во високата технологија.

Изложбата ќе се одржи на приземјето, согласно со работното време на Skopje City Mall и следејќи ги протоколите за заштита од коронавирусот.