Претставници на Македонска Руска Стопанска Комора и Амбасадорот на Руската Федерација В.Д.Солоцински ја посетија фабриката ИМБ МЛЕКАРА во Битола, каде имаа средба со раководството на фабриката. Посетени беа погоните за чоколадни производи и новиот погон за кекси. Според Амбасадорот Солоцински ИМБ Млекара претставува одлична фабрика која заслужува своите производи да ги пласира на пазарите во Руската Федерација.