Постепениот развој во билатералните односи меѓу Руската Федерација (РФ) и Република Македонија (РМ) во повеќе правци беше една од главните карактеристики што ја одбележа 2011 година. Македонското раководство многу пати изразуваше увереност во тоа дека потенцијалот на руско-македонскта меѓусебна соработка ќе продолжи да се реализира за доброто на народите на двете земји, наведува ИТАР-ТАСС во објавената анализа.
Како што појасни амбасадорот на Русија вo Република Македонија Олег Николаевич Шчербак, трговско-економските врски меѓу двете земји претставуваат еден од најважните компоненти во билатералните односи во целина.
– Во моментов, политичкото раководство и деловните кругови, како во Русија, така и во Македонија, се насочени кон сестран развој на токму такви врски меѓу двете земји, што се потврдува и со динамичниот развој на трговските односи, додаде тој, објавува руската агенција ИТАР ТАСС.
Aмбасадорот О.Н. Шчербак ја подвлече успешната инвестициска соработка меѓу двете земји. Така, според него, компанијата Лукоил на територијата на Република Македонија изгради 16 современи бензински станици, има инвестирано над 40 милиони американски долари, успешно се експлоатираат рудниците Бучим и Сасаquot; од страна на руската компанија. Солвеј, чија инвестиција надмина 70 милиони американски долари. Со учество на компанијата Синтез групquot; практично е завршна изградбата на комбинираната гасна и топлинска централа ТЕ-ТО во Скопје, вложени се над 200 милиони долари. Компанијата Силовие машини ја спроведува реконструкцијата на енергетските агрегати на РЕК Битолаquot;, неодамна беше пуштен во работа и вториот блок на централата, а вредноста на проектот изнесува околу 80 милиони долари. Компанијата Камелот, посочува амбасадорот, успешно ја модернизираше фабриката за производство на ферослапови во Југохромquot;, инвестирајќи околу 50 милиони долари.Во август оваа година руската компанија Протекquot; постави камен темелник за изградба на фармацевстка фабрика на територијата на слободната економска зона Бунарџик, а инвестицијата изнесува околу 7 милиони долари.
Според Шчербак, ваков значаен список на двострано резлизирани и планирани проекти, создаваат можност да се зборува за реална перспектива во развојот на руско-македонската економска инвестициска соработка.
Во октомври годинава во Охрид, во рамки на петтата седница на Меѓувладината руско-македонска комисја за трговско-економска и научно-техничка соработка (МПК) се одржа средба на заменик министерот за регионален развој на Русија Максим Травников и вицепремиерот и министер за финанси на Зоран Ставрески. Двете страни констатираа позитивни тенденции и присуство на значаен потенцијал во економската соработка меѓу двете држави. Главното внимание беше посветено на заедничката работа во областа на енергетиката, железничките врски, туризмот и културата. Како што нагласи Ставрески, за Македонија е стратешки важна соработката со Русија во сферата на енергетиката.
Како еден од најперспективните проекти, од најголемо значење во оваа област, тој прво ја посочи изградбата на првата етапа од гасоводната мрежа на територијата на Македонија, со учество на руски компании, со што ќе се искористат средствата од клириншкиот долг на Русија кон Македонија, а потоа и приклучувањето на Македонија кон меѓународниот гасовод Јужен текquot;. Освен тоа, додаде Ставрески, пишува ИТАР ТАСС, последователно треба да се продолжи работата на развојот на нашата меѓусебна соработка со субјекти од Русија со цел во Македонија да се испорачуваат несуровински стоки од Русија, а руската страна од Македонија да купува земјоделски производи. Со него се согласи и Травников, додавајќи дека руската Влада е подготвена да и укаже поддршка на секоја иницијатива насочена кон развој на соработката меѓу македонските претприемачи и нивните колеги од Русија.
– Зацврстувањето на трговско-економските односи со Руската Федерација е од животно значење за Република Македонија, изјави за ИТАР-ТАСС за време на седницата на Комисијата директорот на Македонско-руската комора, Дејан Бешлиев. Тој изрази надеж дека преговорите ќе станат појдовна точка во воспоставувањето билатерален дијалог на највисоко ниво.
Во Скопје на 28. октомври беше одржана презентација на бизнис-каталогот По еден пат со светот: Русија и Македонија, кој беше објавен во Македонија на руски јазик. Како што изјави рускиот амбасадор во РМ, ова и следните дополнети изданија на каталогот ќе придонесат за натамошен развој на трговско-економските односи меѓу Русија и Македонија. Тој подвлече дека главна цел на каталогот е подетално да ги запознае учесниците на надворешно-економската дејност во Русија со македонскиот пазар, извозните можности на претпријатијата и фирмите во Македонија, како и со квалитетот на нивните производи.
Согласно последните податоци од Државниот завод за статистика на РМ, обемот на руско-македонската стокова размена за 10-те месеци од 2011 година изнесуваше 576,4 милиони американски долари, од кои уделот на рускиот извоз во Македонија бил 543,1 милиони долари, а увозот од Македонија – 33,3 милиони американски долари. Според оценките на експертите, во стоковата структура на извозот од Македонија водечко место зафаќаат медицинските препарати. На ниско ниво остануваат испораките во Русија на македонскиот зеленчук, овошјето, вината.
Како што изјави за ИТАР-ТАСС економскиот советник во руската амбасада во Македонија Александр Лесин, добар стимул во развојот на извозот на македонските вина во Русија претставува учеството на локалните винарии на меѓународните саеми во Москва и во другите градови во Руската Федерација. Тој подвлече дека имајќи го предвид соодносот цена-квалитет, сега постојат сите неопходни услови за зголемување на обемот на извоз на високо квалитетно македонско вино на рускиот пазар.
Оваа година – 2011 се карактеризираше и со зацврстувањето на договорно-правната основа во билатералните односи во областа на безбедноста. Така, на 25 август годинава, во текот на својата посета во Скопје, директорот на Федералната служба за контрола на трговијата со наркотици (ФСКН) Виктор Иванов и првиот човек на македонското Министерство за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, потпишаа договор меѓу овие две институции за соработка во борбата со незаконската трговија со наркотици и психотропни супстанци. На крајот на октомври, за време на посетата на Руската Федерација, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и првиот човек на руското МВР, Рашид Нургалиев потпишаа договор за соработка меѓу безбедносните институции на двете земји. Нургалиев од своја страна изрази увереност дека дадениот документ ќе стане цврста основа во взаемната соработка и ќе послужи како појдовна точка во развојот на руско-македонските контакти во сите насоки на борбата со меѓународниот криминал. Јанкулоска додаде дека е потребно да им се посвети посебно внимание и на заедничката локална руско-македонска борба против терористичката дејност, како и на структурите кои ја финансираат.