Македонска Руска Стопанска Комора во соработка со Стопанска Комора на Македонија организираше бизнис форум во Скопје. Форумот беше одржан во рамки на посетата на делегацијата од Тамбовска област од Руската Федерација на Република Македонија. На форумот присуствуваше и трговскиот советник во Амбасадата на РФ во РМ г-дин Александар Павлович Лесин.