Консултантската агенција Brand Finance го прогласи руски “Аерофлот” за најмоќната авиокомпанија во светот, оценувајќи го неговиот рејтинг со ознаката ААА.
Аналитичарите на консултантската агенција Brand Finance кои „Аерофлот“ го прогласија за најмоќна авиокомпанија во светот ја истакнуваат неговата доминација на внатрешниот пазар и фактот дека ја надминува конкуренција по многу маркетиншки параметри.
Како што притоа се наведува, „Аерофлот“ нема монополски статус и ексклузивен пристап до воздушните линии, па затоа неговото водство се објаснува со конкурентски предности.
Руската компанија активно инвестира во развој на брендот, има најмладата флота меѓу големи авиокомпании и сериозно и напорно работи на промовирање на марката на странските пазари, вклучувајќи ја и Азија. Положбата на „Аерофлот“ во тој регионот е силна заради партнерството со „Манчестер Јунајтед“, највредниот фудбалски бренд во светот, што посебно го нагласуваат аналитичарите на агенцијата Brand Finance.