Средба со претставниците на АгБиз

Врз основа на подготвителната работна средба со претставниците на АгБиз програмата за подршка на македонските производители од земјоделскиот сектор, беше одржан состанок со претставниците на неколку винарии од република Македонија и тоа Вардарска Долина, Сковин, Тиквеш, Делвина и Бовин. Целта на состанокот беше запознавање на присутните со можноста за закуп на македонски штанд саемот за вино кој ќе се одржи во Русија во Ноември. Притоа од страна на Г-дин Горан Дамовски од АгБиз беше објаснет и начинот на обезбедување финансиска подршка за компаниите производители на вино. Согласно, состанокот досега најевени се три компании кои ќе учествуваат на саемот и тоа СКОВИН , ТИКВЕШ и ДЕЛВИНА.

Состанок со идниот Амбасадор на Р.М

Директорот на Комората Г-дин Бешлиев одржа работен состанок со идниот Амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација г-дин Илија Исајловски. На средбата од страна на Амбасадорот беше истакната одличната работа Комората во насока на подобрување на економската соработка со Руските партнери и надеж дека истата ќе продолжи уште поактивно во следниот период. Амбасадорот истакна дека во текот на месец Ноември ќе се одржи подготвителна средба за одржување на меѓувладина комисија која според предвидувањето ќе биде одржана во Март идната година.

Саемот МИР ПИТАНИЕ 2009

Македонска Руска Стопанска Комора организираше учество на саемот МИР ПИТАНИЕ 2009 кој се одржа од 15-18.09.2009 во Москва. На штандот на Македонска Руска Стопанска Комора кој беше закупен со помош на средства од АгБиз програмата при УСАИД свое учество имаа компаниите АГРОЛОЗАР, ГД ТИКВЕШ, РУДИНЕ ММ и МАЛЕШ ПРОДУКТ. Саемот го посетија и претставници на компанијата БЛАГОЈ ЃОРЕВ . Ваквиот начин на организиран настап на македонски производители на рускиот пазар се случи за прв пат во 18 години и истиот се покажа за исклучително успешен. Имено, компаниите остварија голем број на контакти од кои висок процент беа оценети како сериозни. Притоа, две компании склучија договори за испорака на своите производи на рускиот пазар.

АгБиз програма

Се одржа работна средба со Претставниците на АгБиз програмата за подршка на македонските производители од земјоделскиот сектор. Целта на средба беше обвезбедување на финансиска подршка за компаниите производители на вино при најавеното учество на саемот за вино кој ќе се одржи во Русија во Ноември

Редовен работен состанок

На ден 19.12.2008 год. Директорот на Македонска Руска Стопанска комора, Г-дин Бешлиев Дејан одржа редовен работен состанок со Министерот советник при Амбасадата на РФ, Г-дин Лесин. На состанокот се разговараше за тековните активности, кои заеднички ги организираат Комората и Амбасадата на Руската Федерација.

Посета на Бугарско-Руската комора

На ден 17.12.2008 год. Директорот на Комората Г-дин Бешлиев беше во работна посета на Бугарско - Руската Стопанска Комора во Софија. Имено на поканата на претседателот на Комората Г-дин Жељо Добрев, се одржа состанок со цел одржување на заеднички настани во текот на 2009 година по однос на соработка на извоз на суровини во Руската Федерација.

Агенцијата за Инвестиции

На ден 16.12.2008год. Директорот на Комората присустуваше на настанот организиран од страна на Агенцијата за Инвестиции во однос на работата на државните промотори. Притоа треба да се напомене дека промоторите имаат приоритетна задача да привлекуваат инвеститори од секторот на автомобилската индустрија. Согласно излагањето на промоторот за Руската Федерација, Украина, Казахстан Г-дин Љупчо Камчев, во текот на неговиот шестмесечен престој во овие држави мал е интересот за инвестиции во Република Македонија. Секако ова е очекувано ако се земе во предвид дека главниот руски производител на автомобили ВАЗ од оваа година е во сопственост на францускиот производител Рено.

Програмата за развој и промоција на компании

На 15.12.2008 год. Директорот намакедонско Руската Стопанска Комората, г-дин Дејан Бешлиев одржа состанок со претставници на Министерството за економија на РМ во врска со програмата за развој и промоција на компании од Р. Македонија, саемските манифестации во Русија во текот на идната 2009 година. Согласно упатството од Министерството за идната година е најавена подршка за настап на саемот "World food - Moscow 2009"

Министерството за Економија

На ден 15.12.2008 год. Директорот на македонско Руската Комора, Г-дин Дејан Бешлиев одржа состанок со претставници на Министерството за Економија на РМ во врска со програмата за развој и промоција на компании од Р. Македонија, саемските манифестации во Русија во текот на идната 2009год. Согласно упатството од Министерството за идната година е најавена подршка за настап на саемот "WORLD FOOD - Moscow 2009".

Средба со со директорот за мултилатерална соработка при МНР

На ден 25.11.2008 год Се одржа состанок на претставници на Комората со директорот за мултилатерална соработка при МНР, Г-дин Крум Ефремов. Целта на состанокот беше барањето на Комората да биде решено прашањето со визниот режим со Руската Федерација. Имено, согласно спогодбата, која важи од 01.11.2008 год. Македонските граѓани се среќаваат со потешкотии за добивање на покана од Русија за добивање на виза. Комората предложи доколку е можно да се даде преоден период на прилагодување со цел нашите стопанственици да ги организираат потребните активности околу добивање на руската виза.