Одлука за укинување на визите за граѓаните на РФ

Одлука за укинување на визите за граѓаните на Руската Федерација донесе македонската Влада на крајот од минатата недела. Времената мерка Русите да патуваат во Македонија без визни формалности ќе трае до 15 октомври годинава, а е со цел привлекување поголем број туристи од 140-милионска Русија, кои веќе покажуваат интерес за летување во Македонија. Македонија оди по примерот на Хрватска, која летово, токму со оваа мерка, очекува 150.000 гости од Русија. Црна Гора и Албанија сторија вакво нешто во текот на мај, а Србија воопшто нема визи за граѓаните од Русија. Каков ќе биде ефектот во Македонија, каде што за летово беше најавено пристигнување на 1.200 гости од Русија, ќе се види по 15 октомври кога одлуката престанува да важи. Врз основа на тие процени ќе се решава дали и во иднина ќе се применуваат вакви „летни шеми“ или ќе се бара потрајно заедничко прифатливо решение за визниот режим, кое нема да биде еднострано... Македонија и Русија имаат потпишано спогодба, која стапи во сила во септември 2008 година, според која, без визи во двете земји патуваат носители на дипломатски и службени пасоши, граѓани кои патуваат поради деловни контакти, научнотехничка, образовна, културна, спортска соработка, новинари... лица на студиски престој или поради лекување, лица кои се поканети од роднини или познати... со оригинал туристички ваучер или покана секој може да отпатува во Русија, односно во Македонија и да престојува до 30 дена. Со владината одлука сега секој руски граѓанин (заклучно до 15 октомври) ќе може само со валиден пасош да дојде во Македонија.

ПРИЛЕПСКИ „МИКРОСАМ“ И ДОНИРАШЕ НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ГЕРМИЦИДНА ЛАМПА ЗА СТЕЛИРИЗИРАЊЕ НА ВОЗДУХОТ

Прилепскиот гигант „Микросам“, членка на Македонско-руската стопанска комора,   е една од ретките компании кои ја покажаа својата великодушност во овие тешки времиња за прилепското здравство. Од компанијата донираа гермицидна ламба за стерилизирање на воздухот...

Средба со претставникот на СК на Русија

На ден 25.02.2010 год. Беше одржана средба со претставникот на стопанската комора на Руската Федерација г-дин Ростовски Григориј со цел координација на активностите по повод меѓувладината седница. Имено, Г-дин Ростовски побара од македонска руска стопанска комора предлог измени на листата на производи кои се застапени во размената со цел нивно имплементирање во новиот договор помеѓу двете земји.

„АЛКАЛОИД“ СО 11 МИЛИОНИ ЕВРА ГРАДИ НОВИ ПРОИЗВОДСТВЕНИ ОДДЕЛЕНИЈА И ЌЕ ВРАБОТИ 200...

Фармацевтската индустрија „Алкалоид“ од Скопје, членка на Македонско-руската стопанска комора,  почна со изградба на нови производствени одделенија кои ќе се простираат на површина од 7.000 м² и ќе создадат услови за реализирање на околу 200 нови...

Лукоил ја отвори 15-та бензинска станица во Македонија

Претседателот на Македонска-Руска Стопанска комора г-дин Ѓ.Дика присутствуваше на отварањето на 15-та бензинска станица под брендот Лукоил во Р.Македонија. Одбележувајќи го овој мал јубилеен број, генералниот директор на Лукоил Македонија, Андреј Куку, го изрази задоволството од постигнатото, но иинформираше дека моментно во изградба се уште три бензински станици. „По угледот на стандартите што Лукоил ги воведе во нафтениот бизнис и во изградбата на бензинските станици, се смени и целата концепција на сите наши други конкуренти на пазарот.Ова е за нас комплимент, но и обврска да бидеме секогаш пред сите, да бидеме иновативни и подобри„, изјави првиот човек на Лукоил во Македонија, кој за следните месеци најави повеќе новини во работата на компанијата, и тоа во однос на воведување нови, поеколошки и енергетски поефикасни горива. Зборувајќи за значењето на Лукоил за македонската економија, амбасадорот на Руската Федерација,Олег Шчербак оцени дека на оваа, една од водечките руски енергетски компании, и припаѓа значајна улога во развојот на економската и инвестициската соработка меѓу двете земји. Инаку, во изминатите пет години Лукоил Македонија вложи над 35 милиони евра во развојот на својата мрежа во Р.Македонија, а само лани во државниот буџет на република Македонија има уплатено над 40 милиони евра.

ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО СО ДРАМАТИЧЕН ПАД ОД 13,2 ОТСТО

Индексот на индустриското производство во август 2020 година, во однос на август 2019 година, изнесува 90.9. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2020 година, во однос на...

ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ЗЕМЈАВА ЗА ДЕСЕТ МЕСЕЦИ СО РАСТ ОД 5,4 ОТСТО

Индексот на индустриското производство во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 104.2. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2019 година, во...

КРЕДИТ ОД 1 МИЛИОН ЕВРА ОД ЕБОР ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ЕНЕРГЕТСКА...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги поддржува еколошките инвестиции во Северна Македонија со доделување кредит во износ од еден милион евра за Комерцијална банка Скопје преку Програмата на ЕБОР за финансирање зелена економија –...

Средба помеѓу АМАК СП и аташе за економија на Руската амбасада

Се одржа работна средба со г-дин Венко Шапкар и г-дин Александар Лесин. Разговорите беа водени како резултат за добиената можност за евентуалната соработка на нашата членка АМАК СП со АВТО ВАЗ од Тољати.