„ВИТАМИНКА“ ПРЕКУ YUMMEX ВО ДУБАИ ГО ОТВАРА ПАТОТ КОН АЗИСКИТЕ ЗЕМЈИ

Со големиот асортиман, разните производи, широкиот спектар производни програми, ПИ „Витаминка“ од Прилеп, членка на Македонско-руската стопанска комора, се претставува на најголемите саеми и со тоа ја продолжува потрагата по нови пазари. Саемот за кондиторски...

„АЛКАЛОИД“ СЕКОЈ ДЕСЕТИ ПРОИЗВОД ЛАНИ ГО ПРОДАЛ ВО РУСИЈА И ЗЕМЈИТЕ НА ЗНД

Според единечниот биланс на успех на „Алкалоид“, во периодот јануари-декември 2020 година, продажбите достигнуваат 9.188.259.186 денари (148,1 милиони евра) што е за 9% повеќе во споредба со истиот период од 2019. Вкупните консолидирани продажби, пак,...

ВО СЕПТЕМВРИ ВО ЗЕМЈАВА ПРЕСТОЈУВАЛЕ 861 РУСКИ ТУРИСТИ И ОСТВАРИЛЕ 1.770 НОЌЕВАЊА

Во септември годинава земјава ја посетиле 861 руски граѓани, што е 0,9 отсто од вкупниот број на странски туристи.Тие во просек оствариле 1.770 ноќевања, што е исто така 0,9 отсто од вкупниот број ноќевања што...

ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ 137 МИЛИОНА ЕВРА ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗЕМЈАВА, НАЈГОЛЕМ ИНВЕСТИТОР ШВАЈЦАРИЈА

Според најновите податоци  на Народната банка на Република Северна Македонија, во текот на првиот квартал од 2020 година вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 137,3 милиони евра. Тие се  резултат на зголемување на нето-приливите кај...

ПАНДЕМИЈАТА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО СПЛАСНУВА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

Индексот на индустриското производство во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, изнесува 84.9. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2020 година, во...

Русија даде согласност

Груевски изрази задоволство што изминатите денови претседателот на државата Ѓорге Иванов и заменик претседателот на Владата Зоран Ставрески имаа успешни средби во Русија, каде се договорија неколку знaчајни работи за изградба на гасоводот. - Русија даде согласност Македонија да биде вклучена во гасоводот Јужен поток, што е многу значајно за нас, за нашата идна енергетска сигурност. Долго време работевме на овој случај. Лобиравме низ повеќе држави така што ова е круна на напорите што се правеа еден подолг период. Исто така, е потпишана и согласноста што наскоро треба да биде ратификувана во парламентите, со која ние го решаваме клириншкиот долг со Русија на начин што околу 60 милиони долари ќе бидат инвестирани во изградба на нашиот гасовод. Гасоводот нема да чини толку, ќе чини повеќе, рече Груевски. Останатите средства, додаде тој, ќе ги обезбедиме од буџетот и од Европската банка за обнова и развој. Во моментов гасоводот е во фаза на проектирање.

Состанок со економскиот промотор

На ден 02.07.2010 год. Беше одржан состанок со Економскиот промотор на Република Македонија во Руската Федерација г-дин Љупчо Камчев. Средбата беше со цел договор околу соработка при одржување на престојниот саем за овошје и зенчук МИР ПИТАНИЕ 2010 во Москва. Имено од промоторот побаравме да обезбеди контакти за компаниите кои ќе учествуваат на саемот.

Склучени договори вредни повеќе милијарди долари

Во текот на годишниот Руско-германски форум, кој се одржува во рускиот град Екатеринбург, склучени се десет договори меѓу компании од двете земји, вредни повеќе милијарди долари. Највредниот договор е во висина од 2,2 милијарди евра, со кој германската корпорација „Сименс“ се обврза дека на „Руски железници“ ќе испорача повеќе од 200 нови регионални возови кои ќе возат ширум Русија.

„АЛКАЛОИД“ ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ГОДИНАВА ДВОЈНО ГО ЗГОЛЕМИ ИЗВОЗОТ ВО РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2019 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари –...