Саем за вино во Русија

На ден 17.11.2009 год. Се одржа средба со претставниците на македонските компании кои ќе учествуваат на саемот за вино во Русија во врска одредување на рекламниот простор, на самиот штанд. Беше постигнат договор компаниите да постават заедничка реклама бидејки самиот штанд ќе биде претставен како Македонски вински штанд.

Министерството за Надворешни

Во просториите на Министерството за Надворешни работи - сектор за економска дипломатија се одржа работна средба на претставници на Министерството со претставниците на винскиот сектор од Македонија. Целта на средбата беше најавената промоција на вина од страна на Амбасадата на Република Македонија во Москва. Притоа Македонска Руска Стопанска комора беше поканета да го објави учеството на 4 компании на саемот за вино кој се одржува во истио време. Исто така, Комората изрази спремност да асистира на сите заинтересирани компании при нивното претставување во Русија.

Компанијата Лонско-лас

Се одржа средба со претставниците на компанијата Лонско-лас кој се официјални застапници на светскиот изложбен центар во Русија. Целта на средбата е продолжување на соработката со Комората и понуда на соработка во регионите на Тољати, Нижни новгород и Белгород.

Министерството за економија

Се одржа состанок помеѓу директорот на комората г-дин Бешлиев Дејан и г-дин Зоран Николовски од Министерството за економија - сектор туризам. Целта на средбата беше иницијативата на Македонска Руска Стопанска комора за покана до дваесетина тур-оператори од Ростовскиот регион со цел започнување на соработка со македонските туристички работници за сезоната 2010.

Состанок на членките

Во период од 07-11.10.2009 год. Македонска Руска Стопанска Комора со претставници на членови компании на Комората и тоа: Тутунски Комбинат -Прилеп, Бовин- Неготино, Далвина- Струмица, Гема Пласт- Гевгелија, Бетон - Штип и Алкалоид -Скопје остварија посета на Комората на Ростовска област. Посетата претставуваше извонредна можност за воспоставување на контакти со руски партнери. За таа цел на 08.11.2009 се одржа отварање на македонска- ростовска берза на економски податоци која ќе има за цел запознавање на компаниите со взаемните интереси преку Македонска Руска Стопанска Комора и Ростовска Стопанска Комора. При посетата беа посетени компаниите Донски табак, Балтика, Ростов мир, а исто така имаше средба и со министерот за економија на ростовска област.

Комората на Ростовска област

Во рамки на подготовка на посетата компании членки на Македонска Руска Стопанска Комора на Комората на Ростовска област која ќе се одвива од 7-11.10.2009 се одржа средба со претставници на Агенцијата за инвестиции и Агенцијата за слободни зони, со цел подобра подготовка на истата и можност за презентација пред руските парнери.

Состанок со компанијата Карпош

Директорот на Комората Г-дин Бешлиев одржа работен состанок со претставници на компанијата КАРПОШ. Согласно програмата на Комората за континуирано зголемување на членството, заинтересираноста на оваа компанија е во можноста за соработка со руски партнери кои се производители на опрема за типот на продукти кои фабриката ги произведува.

Средба со претставниците на АгБиз

Врз основа на подготвителната работна средба со претставниците на АгБиз програмата за подршка на македонските производители од земјоделскиот сектор, беше одржан состанок со претставниците на неколку винарии од република Македонија и тоа Вардарска Долина, Сковин, Тиквеш, Делвина и Бовин. Целта на состанокот беше запознавање на присутните со можноста за закуп на македонски штанд саемот за вино кој ќе се одржи во Русија во Ноември. Притоа од страна на Г-дин Горан Дамовски од АгБиз беше објаснет и начинот на обезбедување финансиска подршка за компаниите производители на вино. Согласно, состанокот досега најевени се три компании кои ќе учествуваат на саемот и тоа СКОВИН , ТИКВЕШ и ДЕЛВИНА.

Состанок со идниот Амбасадор на Р.М

Директорот на Комората Г-дин Бешлиев одржа работен состанок со идниот Амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација г-дин Илија Исајловски. На средбата од страна на Амбасадорот беше истакната одличната работа Комората во насока на подобрување на економската соработка со Руските партнери и надеж дека истата ќе продолжи уште поактивно во следниот период. Амбасадорот истакна дека во текот на месец Ноември ќе се одржи подготвителна средба за одржување на меѓувладина комисија која според предвидувањето ќе биде одржана во Март идната година.

Саемот МИР ПИТАНИЕ 2009

Македонска Руска Стопанска Комора организираше учество на саемот МИР ПИТАНИЕ 2009 кој се одржа од 15-18.09.2009 во Москва. На штандот на Македонска Руска Стопанска Комора кој беше закупен со помош на средства од АгБиз програмата при УСАИД свое учество имаа компаниите АГРОЛОЗАР, ГД ТИКВЕШ, РУДИНЕ ММ и МАЛЕШ ПРОДУКТ. Саемот го посетија и претставници на компанијата БЛАГОЈ ЃОРЕВ . Ваквиот начин на организиран настап на македонски производители на рускиот пазар се случи за прв пат во 18 години и истиот се покажа за исклучително успешен. Имено, компаниите остварија голем број на контакти од кои висок процент беа оценети како сериозни. Притоа, две компании склучија договори за испорака на своите производи на рускиот пазар.