Средба со декан на Меѓународниот Славјански универзитет

На ден 10.03.2011 год. Во Свети Николе беше одржана средба со г-дин Јордан Ѓорчев - декан на Меѓународниот Славјански универзитет. Целта на посетата беше подготовка на заеднички настап на конференцијата за научно - економска соработка која се одржува идниот месец во Свети Николе. На истата ќе гостуваат гости од Руска Федерација.

Деловна средба со зам. министер за Земјоделие

На ден 09.03.2011 год. Се одржа средба помеѓу директорот на Комората г-дин Бешлиев, и економскиот советник во Амбасадата на РФ во РМ г-дин Лесин со заменикот министер за Земјоделие водостопанство и шумарство г-дин Перица Ивановски. Средбата е по повод најавеното учество на компании од Република Македонија на саемот МИР ПИТАНИЕ 2011 во Москва. Оваа година во организација на учеството ќе биде вклучено и министерството согласно заклучоците од седницата на меѓувладината комисија одржана во Декември 2010 година во Москва.

Средба со раководството на САСА

На ден 02.03.2011 год. Се одржа средба со г-дин Максим Прохоров од компанијата САСА Македонска Каменица. Целта на средбата беше зачленување на компанијата САСА во Македонска Руска СтопанскаКомора и понатамошно нејзино активно учество во работата на Комората.

Работна средба со РУЕН

На ден 01.03.2011 год Се одржа работна средба со претставниците на компанијата РУЕН –Кочани. На средбата се разговараше за постигнатите резултати на Руен односно потпишаните договри за соработка со КАМАЗ и ЛАДА.

Работна средба со директор на РУЕН

На ден 08.03.2011 год Се одржа работна средба со г-дин Оливие Далонгвил извршниот директор на РУЕН Кочани. Разговорите беа водени како резултат за добиената можност за евентуалната соработка на нашата членка РУЕН со АВТО ВАЗ од Тољати и потпишувањето на договор со КАМАЗ за испорака на уреди за менувач ламели и корпи. Улогата на Комората е во обезбедувањето на потребни документи за стандардизација на производите по руските прописи.

Состанок на УО на МРСК

На ден 03.03.2011 Се одржа средба состанок на Управен Одбор на Македонска Руска Стопанска Комора на кој беа присутни и новиот Амвбасадор на Руската Федерација во Република Македонија г-дин Олег Шчербак како и трговскиот советник при Амбасадата Г-дин Александар Лесин. На состанок беа усвоени неколку важни заклучоци: одржување на годишно собрание, одржување на деловна средба во соработка со амбасадата на РФ во РM како и усвојување на предлог за заедничка програма со амбасадата во однос на посета на компаниите од Република Македонија.

Вино без минимум

Шеф на комитет за економската политика и бизнис при Законодавниот Дом на Русија Виктор Звагелскиј не смета дека е неопходно да се воведе минимална малопродажна цена на вино и се противи на создавањето на посебен закон за одгледувањето на грозје и производство на вино.

Русите претпочитаат хипермаркети

Според предвидувањата на ГФК-Рус, во 2011 година, побарувачката на граѓаните на Русија ќе се движи во насока на формати како што се дисконти и хипермаркети.

Обраќање

Согласно досегашните резултати очекуваме во 2011 година повторно да се појави трендот на зголемена економска соработка со Русија во која преку неколку конкретни работи директно е вклучена и македонска-руска стопанска комора. Русија со оглед на светската економска состојба се повеќе ќе се наметнува како важен економски партнер на Р.Македонија, а во идните години тоа ќе биде се поизразено во сите сегменти на стопанството. Како потсетување комората имаше една посета од страна на партнерска комора од Русија во Март,2010 од Стопанската Комора на Ростов на Дон. А пак оствари посета на Стопанска Комора на Ростов на Дон во Октомври, каде оствари и учество на саемот БИЗНИС на ДОН 2010, притоа неколку компании членки на комората успеаа да остварат почетна соработка со руски компании. Исто така, Македонска Руска Стопанска Комора во 2010 година стана и официјален партнер на Стопанската Комора на Руската Федерација што претставува важен момент за понатамошниот развој на Комората. Притоа беше организатор за учество на уште еден голем саем „Саем за прехрана во септември 2010“ во Москва. На крајот како круна на годината беше учеството во состав на македонската делегација предводена од министерот и вице премиер Зоран Ставревски на седницата на меѓувладината комисија за научно-техничка и економска соработка која се одржа во Декември во Москва. На истата Комората беше застапена во делот на трговско економска работна група и на пленарната седница беше апсолутно позитивно истакната досегашната работа на Комората и од страна на рускиот ко-претседател на комисијата Максим Травников и од страна на Вице премиерот Зоран Ставревски. Притоа, ни беше доделена и задача во Септември оваа година во соработка со стопанската комора на Руската Федерација да организираме бизнис форум со директни Б2Б средби во Москва кој ќе се однесува на влезот на македонски производи на рускиот пазар. Ние сме длабоко уверени дека само на овој начин преку директни контакти ќе можеме да ја подобриме економската слика во однос на дефицитот кој го имаме со Русија.

Во Москва се одржа четвртата седница на меѓувладината комисија

На ден 20.12. - 21.12.2010 год. Во Москва се одржа четвртата седница на меѓувладината комисија за научно-техничка и трговска економска соработка помеѓу Република Македонија и Руската Федерација. Во работата на комисијата учествуваа Министерот за финансии Зоран Ставрески, секретарот на комисијата Гордана Шушулеска-Итиќ, зам.министер за Земјоделие Перица Ивановски, претставникот на ЕЛЕМ Владо Чингоски, Нона Соколоска од Мин.за Економија, Игор Јанушев и Стефче Јолакоски Мин. за транспорт и врски, директорот Крсте Миладинов од Македонија гас и Бешлиев Дејан Македонска Руска Стопанска Комора, како и Амбасадорот Илија Исајловски и претставниците на Македонската Амбасада во Москва. На средбата која е прва по петгодишна пауза се донесоа неколку важни одлуки. 1. Потпишана спогодба за соработка помеѓу Република Македонија и Московската област. 2. Утврдена е агендата за проектот за гасификација на Република Македонија 3. Побарано е потпишување на договор за слободна трговија помежу Република Македонија и Руската Федерација 4. Договорено одржување на два тематски бизнис форуми и тоа: - бизнис форум за енергетика во Скопје - бизнис форум со Б2Б средби за земјоделски производи и вино во Москва. За нас од Македонска Руска Стопанска Комора е особена чест дека во заклучоците на комисијата се истакна работата на Комората во изминатите пет години и нејзината ориентација за соработка со руските региони. Врз основа на овие заклучоци Македонска Руска Стопанска Комора е задолжена за организација на бизнис форумите и Б2Б средбите кои ќе бидат исклучително важни за извозниците од Република Македонија.