„Томас Кук“ се обидува да влезе на рускиот пазар

Вториот европски туристички оператор според бројот на клиентите „Томас Кук“ соопшти дека ќе преземе 50,1 отсто акции на руската патничка агенција „Интурист“ во обид да влезе на рускиот пазар кој бележи висока стапка на раст. Британската компанија ќе инвестира до 45 милиони долари во заедничка компанија, од кои 10 милиони долари во готово и 35 милиони долари во хартии од вредност.

Работна средба со претставници на Славјански универзитет

Во рамки на работната посета во Свети Николе директорот на Комората Дејан Бешлиев одржа средби со претставници на Славјански универзитет со цел поттикнување на соработка со универзитетот од Ростов на Дон. Имено, при посетата на Ростов беше одржана средба и со проректорот на Ростовскиот универзитет кој изрази желба за соработка со македонска високо образовна институција. Деканот Ѓорчев изрази задоволство од понудата и се надева на брзо поврзување со рускиот универзитет.

Работна средба во Министерство за финансии

Во просториите на Министерството за финансии се одржа работна средба помеѓу секретарите на мешовитата македонска руска меѓувладина комисија Г-ѓа Гордана Сусулеска -Итиќ и Г-дин Андреј Николаевич Хрипунов. На средбата учествуваше и директорот на Македонска Руска Стопанска Комора со цел организација на директни бизнис средби на претставниците од бизнис заедницата од двете земји во рамки на седницата на комисијата.

Гостин на комората г-дин А.Хрипунов

Во Скопје гостин на Комората беше заменик директорот на департментот за меѓународна соработка при министерството за економски развој на Руската Федерација г-дин Андреј Хрипунов. Целта на посетата е подготовка на меѓувладината седница која ќе се одржи во Москва од 19-22.12.2010 год.

Македонски штанд на саем во Ростов на Дон

Во период од 21-23.10.2010 во Ростов на Дон, Русија се одржа саем „Бизнис Дона„. На саемот во организација на Македонска Руска Стопанска Комора беше поставен и македонски национален штанд на кои учествуваа компаниите АГРОЛОЗАР Струмица, ВИТАМИНКА Прилеп, АД МЛЕКАРА Битола, ТУТУНСКИ КОМБИНАТ Прилеп. Во рамки на саемот се одржаа голем број средби со потенцијални партнери. Беше одржана округла маса за начин на отварање на Торговски Дом на Р. Македонија во Ростов на Дон.

Љубов Слиска:Македонија има што да им понуди на руските инвеститори

Според заменик-претседателката на руската Дума Љубов Слиска, особено интересни за руските инвеститори се туристичката и фармацевстката индустрија.Охрид, кој е бисерот на Македонија, може да им конкурира на швајцарските и црногорските туристички центри. Во тој контекст, македонската страна треба да привлекува руски инвеститори за развој на туристичката инфраструктура-рече Слиска,која учествуваше на семинарот РОС-РОТ во Скопје. Едностраното укинување на визите ова лето за руските граѓани во периодот на одморите е пријателски чекор од Македонија-оцени Слиска. Големиот стремеж на Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО не му дозволува на македонското раководство објективно да си ги подреди економските приоритети, вели заменик-претседателката на руската Дума во изјава за ИТАР-ТАСС.

Работни активности на МРСК

На ден 28.09.2010 год. Во просториите на Македонска Руска Стопанска Комора се одржа работен состанок со компанијата БАЏО Богданци, која стана нова членка на комората. На ден 29.09.2010 год. Во рамки на работната посета во Прилеп директорот на Комората Дејан Бешлиев одржа средби со претставници на компаниите Тутунски Комбинат и Витаминка. Средбите беа во насока на подготовка на претстојното учество на саемот во Ростов на Дон. На ден 01.10.2010 год. Во МНР се одржа средба со претставници за економска дипломатија на кои им беше доставена понуда за подршка и учество на саемот во Ростов на Дон.

Потпишана согласност за учество на саем во Ростов на Дон

Потпишана е согласност за учество на македонските компании на саемот во Ростов на Дон. На саемот ќе учествуваат компании од Русија, Украина, Данска, Унгарија, Ерменија, Турција, Белорусија, итн.