„АЛКАЛОИД“ ДОНИРА ИНОВАТИВЕН ТЕЧЕН „ОМЕПРАЗОЛ“ ЗА ЛЕЧЕЊЕ НА 200 ДЕЦА ЕДНА ГОДИНА

Како континуиран поддржувач на македонското здравство и фармација, „Алкалоид“ АД Скопје, членка на Македонско-руската стопанска комора и оптествено одговорна компанија,  донира дел од своите производни количини на иновативнaта формулација на „Омепразол“ во течна форма,...

РУСКИОТ ПАЗАР НА АВТОМОБИЛИ ЗАЗДРАВУВА, ДО 2020 ГОДИНА ПРОДАЖБАТА ЌЕ ДОСТИГНЕ 2 МИЛИОНИ ВОЗИЛА

Повикувајќи се на претставници на концернот „Рено“, дневниот весник Les Echos прогнозира дека во Русија до крајот на оваа година ќе бидат продадени 1,6 милиони возила, а до 2020 до два милиони примероци. Весникот нагласува дека...

ШЕСТ ЗЛАТНИ И ЕДЕН СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА ВИНАТА НА „СТОБИ“ НА „МУНДУС ВИНИ“ ВО...

Шест златни и еден сребрен медал за вината на „Стоби“ е резултатот што го постигна оваа винарница на престижниот меѓународен вински натпревар „Мундус вини“ кој пред неколку дена се одржа во Германија.

БИТОЛСКА МЛЕКАРА СВОЈОТ „ФЕР СО ПОТРОШУВАЧИТЕ“ ГО ПОТВРДИ СО СЕРТИФИКАТ

Битолска млекара е единствената компанија од млечната индустрија во земјата што го доби сертификатот „Фер со потрошувачот“. Освен потврдениот висок квалитет на производите, Бимилк со сертификатот се стекна и заради покажаната грижа за безбедноста и...

ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО НОЕМВРИ ПОРАСНАЛО ЗА 4,1 ОТСТО

Индексот на индустриското производство во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, изнесува 104.1. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2017 година, во однос на...

Одлука за укинување на визите за граѓаните на РФ

Одлука за укинување на визите за граѓаните на Руската Федерација донесе македонската Влада на крајот од минатата недела. Времената мерка Русите да патуваат во Македонија без визни формалности ќе трае до 15 октомври годинава, а е со цел привлекување поголем број туристи од 140-милионска Русија, кои веќе покажуваат интерес за летување во Македонија. Македонија оди по примерот на Хрватска, која летово, токму со оваа мерка, очекува 150.000 гости од Русија. Црна Гора и Албанија сторија вакво нешто во текот на мај, а Србија воопшто нема визи за граѓаните од Русија. Каков ќе биде ефектот во Македонија, каде што за летово беше најавено пристигнување на 1.200 гости од Русија, ќе се види по 15 октомври кога одлуката престанува да важи. Врз основа на тие процени ќе се решава дали и во иднина ќе се применуваат вакви „летни шеми“ или ќе се бара потрајно заедничко прифатливо решение за визниот режим, кое нема да биде еднострано... Македонија и Русија имаат потпишано спогодба, која стапи во сила во септември 2008 година, според која, без визи во двете земји патуваат носители на дипломатски и службени пасоши, граѓани кои патуваат поради деловни контакти, научнотехничка, образовна, културна, спортска соработка, новинари... лица на студиски престој или поради лекување, лица кои се поканети од роднини или познати... со оригинал туристички ваучер или покана секој може да отпатува во Русија, односно во Македонија и да престојува до 30 дена. Со владината одлука сега секој руски граѓанин (заклучно до 15 октомври) ќе може само со валиден пасош да дојде во Македонија.

РЕКОРДНО МАЛ БРОЈ РУСКИ ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ЛАНСКИ ДЕКЕМВРИ

Рекордно мал број руски туристи ја посетиле Република Македонија во последниот месец од минатата година.Во декември во земјава допатувале само 183 туристи од Руската Федерација, што е само 0,5 отсто од вкупниот број на...

ЖЕТВА НА МЕДАЛИ НА „ТИКВЕШ“ НА СВЕТСКИ ВИНСКИ НАТПРЕВАРИ ВО ЕВРОПА И АЗИЈА

Винарската визба „Тиквеш“, членка на Македонско-руската стопанска комора,  уште еднаш ја потврди својата лидерска позиција како најтрофејна винарница во Југоисточна Европа. На трите најголеми и најпрестижни светски вински натпревари што неодамна се одржаа во Европа...

РУСКИТЕ ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ НА ПРАГОТ ОД 500 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Централната банка на Русија планира наскоро да го достигне нивото на девизните резерви од 500 милијарди долари и да продолжи да ги зголемува, -изјави за новинарите гувернерот на Централната банка на Русија, Елвира Набиулин. -...