Средба со претставникот на СК на Русија

На ден 25.02.2010 год. Беше одржана средба со претставникот на стопанската комора на Руската Федерација г-дин Ростовски Григориј со цел координација на активностите по повод меѓувладината седница. Имено, Г-дин Ростовски побара од македонска руска стопанска комора предлог измени на листата на производи кои се застапени во размената со цел нивно имплементирање во новиот договор помеѓу двете земји.

Работна средба со претставникот на МНР

Во МНР беше одржана работна средба со г-дин Крум Ефремов во врска престојната седница меѓувладината комисија и активно вклучување на македонска руска стопанска комора и нејзните членки во работата на комисијата.

Средба со претставниците на Текстилната асоцијација

На ден 26.01.2010 год Се одржа работна средба со претставниците на Текстилната асоцијација со цел пронаоѓање на партнери во Русија. На средбата беa присутни Г-дин Мајкл Фиман и г-ѓа Наташа Сивевска - директор на асоцијацијата.

Економската соработка со Руската Федерација за 2009 г.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика вкупниот обем на стоковната размена со странство на Република Македонија во периодот јануари - ноември 2009 година, изнесува 6 993 309 илјади САД долари, при тоа вредноста на извозот е 2 439 065 илјади САД долари, а на увозот 4 554 244 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 53,6%.Трговскиот дефицит во периодот јануари - ноември 2009 година изнесува 2 115 175 илјади САД долари. Руската Федерација се наоѓа на 5 место на листата на земјите најдобри трговски партнери на Македонија. На таа листа пред неа се Србија, Германија, Грција и Италија. Размената со Руската Федерација изнесува 459,332 (лани 953,055), милиони САД долари од кој 441.995 (лани 924,096) милиони САД долари на страната на увозот и 17.337 (лани 28,959) милиони САД долари на страната на извозот на стоки и услуги. Во однос на минатата година има намалување од 53% во вкупната размена. Во вкупната структура на размена учествува со 9,7 % (лани 9,4 %) од кои 0,7% (лани 0,8 %) изнесува извозот а 6,6% (лани 14,4 %) увозот. Покриеноста на увозот со извозот е 3,7% ( лани 3,1 %).

Подготовката на петгодишнината на МРСК

Се одржа работна средба со г-дин Александар Лесин. Целта на средбата е подготовката на петгодишнината на Македонска Руска Стопанска Комора која ќе биде одбележана на 24 март 2010. Имено, на јубилејот ќе биде поканет и вицепретседателот на меѓувладината комисија од руска страна г-дин Хрипунов Андреј Николаевич. Секако, оваа посета ќе биде со цел остварување на средби и на работните групи кои ја сочинуваат меѓувладината комисија која ќе се одржи од 22-25 Април 2010 во Москва.

Хостинг на веб страната на комората

Беше одржана средба со претставниците на компанијата ОНЕ која се јавува како хостинг на веб страната на комота. Врз основа на новиот пакет на компанијата Македонска Руска Стопанска Комора ќе добие можност и во иднина да биде хостирана кај ОНЕ со таа разлика што сега е дозволено да се проширири просторот и веб страната ќе може да биде двојазична на македонски и руски јазик.

Средбата по повод најавеното доаѓање на тур-оператори

Се одржа средба помеѓу директорот на Комората г-дин Бешлиев економскиот советник во Амбасадата на РФ во РМ г-дин Лесин со г-дин Зоран Стрезоски и г-дин Владо Србиновски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија. Средбата е по повод најавеното доаѓање на тур-оператори од Ростовската област во Република Македонија. Оваа посета е дел од договорот на Македонска Руска Стопанска Комора со Ростовската Стопанска Комора. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе биде вклучена во реализација на оваа посета со обезбедување на туристичка промограма и сместување на гостите од Русија во хотели во Охрид, Битола, Гевгелија.

Посета на Меѓународниот Славјански универзитет

Во Свети Николе беше одржана средба со г-дин Јордан Ѓорчев - декан на Меѓународниот Славјански универзитет. Целта на посетата беше подготовка на Меморандум за соработка на двете институции.

Средба помеѓу АМАК СП и аташе за економија на Руската амбасада

Се одржа работна средба со г-дин Венко Шапкар и г-дин Александар Лесин. Разговорите беа водени како резултат за добиената можност за евентуалната соработка на нашата членка АМАК СП со АВТО ВАЗ од Тољати.

Cредба на Амбасадорот на РФ со претставниците на Макстил

Во организација на Македонска Руска Стопанска Комора се оствари средба на Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Г-дин Владимир Солоцински и Г-дин Минчо Јорданов од Макстил. Посетата беше остварена во рамки на програмата за посета на македонските компании од страна на Амбасадата. Во посетата учествуваа и претседателот на Комората Дика Ѓорѓи и економскиот аташе Александар Лесин.