На 08.06 во хотел „Континентал„ се одржа свечен коктел по повод одбележување на Денот на независноста на Русија, организиран од амбасадата на Руската Федерација во Р.Македонија. Гостите биле причекани од амбасадорот на Руската Федерација во Македонија г-дин Олег Шчербак. На приемот присутствуваа гости од државниот врв, Претседател на Р. Македонија г-дин Ѓ. Иванов, Премјер Н. Груевски, претседател на компанијата Лукоил Македонија г-дин А.Куку, Македонска-Руска стопанска комора, многубројни бизнесмени и претставници на руската диаспора во Македонија.