Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, минатата недела најави дека на форумот во Санкт Петербург треба да се случи потпишувањето на договорот со Русија за Јужен тек
Македонија ја очекува енергетски бум, бидејќи таа треба да стане дел од гасоводот quot;Јужен текquot;, а договорот ќе се официјализира деновиве на економскиот форум во Санкт Петербург. Од денеска северната руска престолнина Санкт Петербург ќе биде собиралиште за светската бизнис-елита, но и за шефови на држави и влади, како и министри, а меѓу нив и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој минатата недела најави дека во Санкт Петербург треба да се случи потпишувањето на договорот со Русија за quot;Јужен текquot;.
За Ставрески, придобивките од гасификацијата за земјава ќе бидат значителни, бидејќи ќе се обезбеди долгорочна стабилност на испораката на гас, како и чист и евтин извор на енергија кој ќе ја зајакне конкурентноста на македонската економија. Гасоводот ќе овозможи енергетска стабилност во регионов, но и на поголемиот дел од територијата на Европа. Низ Србија ќе поминува 400 километри од гасоводот што ќе има капацитет од десет милијарди кубни метри годишно, а Македонија со крак ќе биде поврзана со овој дел од гасоводот.
Активности Договорот за Јужен тек се потпишува на бизнис-форумот во Санкт Петербург