Македонија е меѓу десетте најдобри економии во светот и петте најдобри економии во Европа за водење на бизнис, – покажува најновиот извештај на Светска банка, реномираниот Doing Business 2017, кој рангира 190 земји од светот.
Согласно извештајот Doing Business 2017 во најдобрите десет економии се вбројуваат Нов Зеланд (1), Сингапур (2), Данска (3), Хонг Конг (4), Република Кореја (5), Норвешка (6), Велика Британија (7), САД (8), Шведска (9) и Македонија (10).
Во Европа пред Македонија се само четири економии и тоа Данска, Норвешка, Велика Британија и Шведска, што претставува огромен успех за државата.
Уште позначајно е тоа сто во најновиот извештај Doing Business 2017 Македонија е подобро рангирана од 25 земји членки на ЕУ. Така, Македонија е подобро рангирана од Естонија (12), Финска (13), Латвија (14), Германија (17), Ирска (18), Австрија (19), Литванија (21), Полска (24), Португалија (25), Чешка (27), Холандија (28), Франција (29), Словенија (30), Шпанија (32), Словачка (33), Романија (36), Бугарија (39), Унгарија (41), Белгија (42), Хрватска (43), Кипар (45), Италија (50), Луксембург (59), Грција (61) и Малта (76).
Македонија е најдобро рангирана земја во цела Источна Европа. И оваа година е лидер во регионот според условите за водење на бизнис и е рангирана подобро од Словенија (30), Романија (36), Бугарија (39), Хрватска (43), Србија (47), Црна Гора (51), Албанија (58), Косово (60), Грција (61), Турција (69) и Босна и Херцеговина (81).
За потсетување, пред десет години Doing Business ја рангираше Македонија на 94 место.