Според претходните податоци на Државниот завод за статистика вкупниот обем на стоковната размена со странство на Република Македонија во периодот јануари – ноември 2009 година, изнесува 6 993 309 илјади САД долари, при тоа вредноста на извозот е 2 439 065 илјади САД долари, а на увозот 4 554 244 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 53,6%.Трговскиот дефицит во периодот јануари – ноември 2009 година изнесува 2 115 175 илјади САД долари. Руската Федерација се наоѓа на 5 место на листата на земјите најдобри трговски партнери на Македонија. На таа листа пред неа се Србија, Германија, Грција и Италија. Размената со Руската Федерација изнесува 459,332 (лани 953,055), милиони САД долари од кој 441.995 (лани 924,096) милиони САД долари на страната на увозот и 17.337 (лани 28,959) милиони САД долари на страната на извозот на стоки и услуги. Во однос на минатата година има намалување од 53% во вкупната размена. Во вкупната структура на размена учествува со 9,7 % (лани 9,4 %) од кои 0,7% (лани 0,8 %) изнесува извозот а 6,6% (лани 14,4 %) увозот. Покриеноста на увозот со извозот е 3,7% ( лани 3,1 %).