Македонската компанија „Бучен Козјак“, членка на Македонска-руска стопанска комора, годинава ја започна со две престижни награди.Кумановската млекарница, имено, се закити со нови врвни признанија – Најдобра фирма на годината (‘Best Enterprise Award’) и Менаџер на годината м-р Анита Спасовска (‘Best Manager of the Year’ Award).

Anita 2

Нагрaдите беа доделени од страна на престижната Европска Бизнис Асоцијација Europe Business Assembly (EBA) со седиште во Окфорд, Лондон , Велика Британија.
Овие награди само го потврдуваат значењето и силината на брендот „Бучен Козјак“, кој се базира на исклучително високиот квалитет на широката лепеза производи.
Млекарницата „Бучен Козјак“ е основана во 1983 година, од страна на сопружниците Бранко и Стојка Стојковска. Почетоците се скромни, но смели и исполнети со јасна визија која се сведува на максимата – „Да се откупува само квалитетно млеко и да се произведуваат природни млечни производи”.
Природниот вкус на производите е тоа што ја направи млекарницата препознатлива на пазарот. До успех „Бучен Козјак“ стигна со препознатлив бренд кој стана синоним за производството на квалитетни млечни производи кои се создаваат со успешена комбинација на традиционалното знаење и најновите технолошки трендови, а сето тоа спроведено во креативна работна атмосфера.
„Бучен Козјак“ цело време ја негува својата политика за квалитет, посветено работи кон остварување на поставените цели и се стреми кон усовршување на производствените капацитети и персоналот, како и унапредување на работната атмосфера.
Потврда на тоа се многубројните награди, признанија и благодарници од разновидни институции и независни агенции кои вршат анализа на пазарот, меѓу кои врвните пристигнаа деновиве од Лондон.(С.П.)