Постигнатите резултати во работењето ѝ обезбедија на Комерцијална банка две први места на национално ниво во рангирањето што го изврши магазинот Finance Central Europе. Традиционално, во ова рангирање се опфатени најдобрите 100 банки во Југоисточна Европа.

Комерцијална банка е рангирана на прво место во Македонија според големината на средства и според стапката на принос на капитал.

Специјалното 22-ро годишно издание на магазинот Finance Central Europe ќе излезе во октомври годинава, кога ќе биде објавен списокот со најдобрите банки во Југоисточна Европа, рангирани според големината на средствата, капиталот, добивката пред оданочување, ROA и ROE. Магазинот објавува генерално рангирање на ниво на Југоисточна Европа, а ги рангира и најдобрите банки во секоја од 13-те земји опфатени со анализата – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција.