Со целосниот асортиман, вклучувајќи ги најсилните брендови, на голем изложбен простор „Витаминка“, членка на Македонска-руска стопанска комора, за првпат се претстави на саемот Food expo во Атина. Саемското претставување беше проследено со презентации на производни програми и дегустации на производи. Сето тоа предизвика големо внимание од присутните трговци, сопственици на ланци супермаркети и граѓани.
Во време кога секторот за храна е еден од најдинамичните области беше исклучително важно успешно и впечатливо да се претставиме на саемот во Атина, да видиме какви се реакциите на нашите производи започнувајќи од изгледот, дизајнот и се разбира вкусот и да ги измериме преференциите на пазарот. Токму затоа целата презентација ја осмисливме со цел производите на „Витаминка“ да станат познати и поблиски за посетителите. А, саемот во Атина важи за еден од најкомпетитивните во однос на бројноста на домашните изложувачи и странските посетители. После едно вакво претставување, навистина можеме да се надеваме на добар прием и пласман на нашите производи на кој било пазар“, соопштуваат од компанијата.
Со 1.200 изложувачи на изложбен простор од 45.000 метри квадратни, Food expo 2017 е  најголемиот саем за храна и пијалаци во Грција и еден од водечките меѓународни саеми од ваков вид во светот. Оваа година саемот беше посетен од повеќе од 46.000 професионалци од 88 земји од целиот свет.