Меѓу првите 100 компании на ранг-листата на најголеми фирми во светот ForbesGlobal 2000 во 2019 година се најдоа четири руски корпорации.
„Гаспром” ја зазеде 40. позиција на ранг-листата Forbes Global 2000, „Сбербанк” 47. место, „Роснефт” 52. позиција, а „Лукоил” 97. позиција.
Пред година дена „Гаспром” на истата ранг-листа ја зазеде 43. позиција, „Сбербанк” исто така 47. место, „Роснефт” 73. позиција, а „Лукоил” се најде на 98. позиција. Така речиси сите руски компании ја подобрија позицијата меѓу најголемите сто фирми на светот, пренесуваат руските медиуми.  
На ранг-листата Forbes Global 2000 во 2019 година вкупно се најдоа 22 руски компании, додека минатата година на имаше 25 руски фирми. Оваа година на ранг-листата ги нема компаниите „Полус”, „Уралкалиј” и „Аерофлот”. Лани на ранг-листата тие ги заземаа 1552, 1993. и 1932. позиција.
Ранг-листата на најголемите компании на светот е составена врз основа на процената на вкупниот профит, приходите, активите и пазарната вредност на компаниите.(Руска реч)