Комерцијална банка АД Скопје, членка на Македонско-руската стопанска комора,  се стекна со награда за „Најдобар FX Провајдер во Република Северна Македонија“ (најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари). Признанието го доделува угледниот светски магазин Global Finance со седиште во Њујорк, САД.

Ова е десетто по ред признание за најуспешно работење на Комерцијална банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во земјава, доделено од Global Finance.

Изборот за најдобар „FX Провајдер“ на финансиските пазари во Северна Македонија е направен врз основа на неколку критериуми, кои вклучуваат: големина на трансакции, пазарно учество, обем на глобална покриеност, ниво на услуга кон клиентите, конкурентни цени и користење иновативни технологии.

Прогласувањето на Комерцијална банка за „Најдобар FX Провајдер во Република Северна Македонија“ е уште една потврда за високиот квалитет на услуги кои Банката ги нуди и за нејзината лидерска позиција во областа на тргување на домашните и на глобалните финансиски пазари.(Комерцијална банка)