На ден 05.02.2015 година согласно одлуката донесена на У.О се одржа седница на Собранието на Македонска Руска Стопанска Комора. Со работата на седницата претседаваше Претседателот на Македонска Руска Стопанска Комора г-дин Ѓорѓи Дика. На седницата присуствуваа 33 претставници на компании членови. Притоа, на седницата беа усвоени Извештајот за работа на Комората за 2014 година како и Програмата за работа за 2015 година кои се објавени на веб страната на Комората.