Врвните производи на „Кривогаштани промет“ под брендот „Гурмано“ ги дегустираа и станаа достапни за македонските граѓани, но наскоро ќе им бидат на дофат на рацете и на  –  московјани!Деликатесните производи правени по оргинални рецепти, со почитување на стандардите за безбедност и квалитет (IFS Food) и кој со години целосно беа пласираат на пазарите во Австралија, САД и Европа, тргнуваат и кон исток. Деновиве во Москва  патуваат првите мостри на ајвар, толчени пиперки, феферони, бабурчиња, пиперчиња со сирење…  на сертификација  во Руската Федерација и  брзо потоа преку „Македонски дом“ во Москва ќе има бидат достапни на  тамошните дистрибутери на храна. Компанија „Кривогаштани промет“ ја посети и извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора, м-р Дејан Бешлиев и со сопствениците на компанијата разговараше за поединостите за подготовка и успешен настап на големиот руски пазар.

-„Кривогаштани промет“ на годинашниот есенски саем „World food“ во Москва предизвика значаен интерес кај  руските трговци со храна.Тоа беше сигнал таа да стане членка на „Македонски дом“ и потписот за членство сопственикот го стави во комплексот „Фу сити“ во присуство на првите луѓе на Евроазискиот сојуз,  кој го менаџираат најголемиот комплекс за продажба на храна во Москва – истакна м-р Дејан Бешлиев.
Овој македонскиот производител е сместен буквално во селска средина во која природата има главен збор, а современата фабрика е  подигната на дел од објектот на  некогашниот пропаднат ЗИК „Прилеп“. Модерниот капацитет проработе од пред четри години  и им овозможи на сопствениците да го финализираат своето огромно искуство  во трговијата со пиперки и со нивна преработка.Компанијата постои 27 години, но последните четри години и  ја исцртаа иднината.Во овој момент се произведуваат печени деликатестни (ајвар, толчена пиперка, закуска), кисели традиционални (феферончиња, бабурчиња) и кремасти полнени производи (пиперчиња со сирење, фергеса). За производите на „Кривогаштани промет“, во кој „кралот“ е ајварот,  стои констатацијата – кој пробал друг производ не купува!

-Досега целото производство го пласиравме на странските пазари. Повеќе од третина го извезувавме во Австралија, голем дел во Шведска, Велика Британија и во САД. Немавме некои амбиции за освојување на Рускиот пазар, но самскиот настап и пројавениот интерес од тамошните увозници ни ги сменија плановите,- истакнува Горан Цуцулески, генерален менаџена компанијата. – За производството на Gurmano се користат суровини главно добиени од Пелагонискиот Регион. Достапноста на чиста вода, од Црна и од Крушевска Река во текот на целата година, овој регион го прават исклучително погоден за одгледување градинарски култури. Меѓу нив е и пиперката „куртовска капија“, чиј благ, месест и плоснат плод со големо количество на витамини, шеќери и протеини, е главна состојка на повеќе производи од палетата на Gurmano. Всушност, таков квалитет на „куртовската капија“ е можен само во прилепскиот регион.
  „Кривогаштани промет“ има седумдесет вработени, а во сезоната  на преработка, како што е во моментов, тој број се дуплира.Компанијата има годишен обрт од 3 милиони евра.

– Иднината је гледаме во производството, а трговијата која бо моментов е само петина од нашиот ангажман и натаму ќе ја намалуваме. Во иднина ја прошируваме палетата на нашите производи со лутеница, пинџур и зелен ајвар, –  додава Цуцулески.
Производите на „Кривогаштани промет“ се во класата на деликатеси, затоа што се правени по домашни рецепти и користени се висококвалитетни суровини, а за кое придонесува и изгледот, пакувањето и вкусот.Сето тоа го препознаа и руските потрошувачи, и македонската компанија со право очекува значаен продор во трговските ланци во оваа земја.
                                                                                    Саво Пејчиновски